Нема враќање назад додека не ја вратиме правдата, додека не ја зграпчиме слободата. Оние што себе се нарекуваат патриоти, нас не нарекуваат хулигани, дека сме го уништувале тоа што било изградено. Едно да им биде јасно, се е тоа наше, рече Дејан Павлески од СДСМ.
– Се тоа е изградено со наши пари, потрошија 700 милиони евра наши пари, овде наоколу, на неколку стотина метри, а дали не прашаа каде и како да ги трошат нашите пари? Не не прашаа. Ги потрошија за шминки, за фасади за луксуз, а цела Македонија тоне во кал, во немаштија. Тие не почитуваат ниту закон, ниту Устав, ниту народ. Ја окупираа државата, токму тие се вистинските насилници и хулигани рече Павлески.
Тој истакна дека се што Шарената револуција бојадисува е изградено со пари на граѓаните.