ВИДЕО: Панормаското направи градилиште од Вардар

Од:

Коритото на реката Вардар е уништено од градежната офанзива која се презема за изградба на Панорамското тркало. Масивни столбови се подигаат од левата и десната страна на коритото кои ќе ја држат конструкцијата на огромниот објект.

Од левата страна срамнета со земја е градската плажа за чија изградба беа потрошени неколку милиони евра.

Од пластовите земја попречено е течението на водата, што може да претставува опасност во случај на поплави.

Изградбата интензивно напредува, а револтирани граѓани во четврток ќе се соберат на во близина на градилиштето за да го изразат своето незадоволство. Граѓаните не беа ислушани додека се носеа одлуките за овој проект кој чини околу 20 отсто до годишниот буџет на Град Скопје.

Проектот се спремаше зад затворени врати и се менуваа плановите за инвестиција. Првично Панорамското трбаше да се гради со пари од донации, потоа беше најавено дека инвеститор ќе биде Јавното сообраќајно претпријатие со финансиска помош од донатори. На крај беше одлучено изградбата да се финансира со јавни пари. Првиот донатор е државната институција Агенција за електронски комуникации која до сега одвои еден милион евра.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Велика Британија: Се расипа Панорамското тркало, има заглавено луѓе

Горан Наумовски

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот