ВИДЕО: Отворен новиот плоштад во Скопје

Од:

Со пуштање во употреба на новата, таканаречена сува фонтана, вредна 2, 5 милиони евра повторно е отворен скопскио плоштад. Парите за фонтаната беа обезбедни од Градот Скопје (една третина) а другиот дел од Владата.

Извадени се и претходните гранитни плочи и сега плоштадот е целосно бел.

novPlostad_sk (1)

Кога се најави изградбата на фонтаната опозицијата не гледаше причина за поставување на уште една, освен како што рекоа пред шест месеци кога беше најавен проектот „тендерските бизниси на Трајановски и Груевски“.

novPlostad_sk (2)

– Напразно потрошените средства, за фонтана до фонтана, власта и градоначалникот на Скопје можеа да ги искористат за енергетски ефикасни фасади, на што веќе работи општината Центар. На овој начин практично ќе се потврдеше определбата Скопје да биде енергетски ефикасен град. За жал, главниот град е далеку од тоа. Потпишувањето Меморандум за разбирање за зајакнување на мрежата на енергетски ефикасни градови од страна на Град Скопје е врв на лицемерието на Коце Трајановски, реагираа од СДСМ.

novPlostad_sk (3)

Освен плоштадот, секојдневно има обид да се избрише се што било изградено пред оваа влада. Колку е оваа инвестиција оправдана, ако се има предвид дека претходно, кога градоначлник беше Ристо Пенов плоштадот беше обновен и поплочен.

novPlostad_sk (5)

По спомениците, со оваа фонтана значително е намален просторот за движење на градскиот плоштад.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски