ВИДЕО: Откриени повеќе од 30 килограми марихуана во метална барака во Охрид

Од:

Одделот за криминалистичка полиција при МВР, во соработка со СВР Охрид, вчера откриле случај за недозволена трговија со дрога при што биле пронајдени и запленети повеќе од 31 килограм марихуана, информираат од МВР.

Акцијата била реализирана во близина на автокампот “Андон Дуков“, при што од страна полицијата, по претходно добиена судска наредба, бил извршен претрес во метална барака во приватна сопственост во близина на кампот, каде се затекнати две лица од Охрид а откриени се и четири најлонски вреќи со црна боја, во кои што имало 16 најлонски паковки со опојна дрога марихуана во вкупна маса од 31,345 килограми.

Двете лица се лишени од слобода и од извршените проверки е утврдено дека во моментов тие биле на издржување затворска казна во КПУ Струга, а претходно осудувани на казни затвор во траење од шест и пол, односно шест години, за кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога. Утврдено е, исто така, дека едното од лицата имал затворски статус на ангажиран работник во затворската економија со можност за секојдневно излегување, додека другото лице се водело како осуденик во бегство.

Би можело да ве интересира

Во Србија фатен бугарски државјанин со над три килограми дрога

А1он

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Медведев: Приказната за дрогата е изговор, вистинската цел е венецуелската нафта

Податоците од САД ги побиваат тврдењата на Трамп: Кокаинот во САД не доаѓа од Венецуела