ВИДЕО: Откриени 65 стебла канабис во Демир Капија, приведени дилери

Од:

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со СВР Велес во местото Јаворица, Демир Капија вчера пронајдоа насад со 65 стебла канабис со висина од 2,5 до четири метри.

На лице место полицијата привела две лица, 33-годишниот С.С. и 56-годишниот А.С. од Демир Капија поради соменние за недозволено производство и продажба на марихуана.

– На лице место се пронајдени и цевки за наводнување, како и друга опрема за обезбедување и заштита на насадот. Извршени се и претреси на две локации во околината на Неготино, при што се пронајдени два карабина и една ловна пушка., како и поголема количина цветови од канабис подготвена за сушење и продажба. Денеска против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 до Основното јавно обвинителство- Неготино, информира МВР.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни акции со цел сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и другите видови криминал.

Би можело да ве интересира

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Спречен е транспорт на дрога во близина на Градско, уапсени се две лица

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он