(ВИДЕО) Османи го посети тепаниот во Софија: Нема да дозволиме провокатори да ни ја диктираат агендата

Од:

„Нема да дозволиме провокатори и насилници да ја киднапираат позитивната агенда на билатералните односи. Затоа сум тука да ја испратам оваа порака дека градиме добри односи со Бугарија, гледаме кон иднината тесно соработувајќи со Бугарија и нема да дозволиме провокатори да ни ја диктираат агендата. Македонија ќе се погрижи да има нулта толеранција за такви напади. Државата ќе се погрижи да се создаде атмосфера на нулта толеранција над насилството, особено кога тоа е меѓуетничко“, изјави Османи од Софија каде со својот бугарски колега Николај Милков го посетија претепаниот Христијан Пендиков кој на Воено-медицинската академија во Софија, каде што беше пренесен на лекување.

„Уште еднаш го осудувам нападот врз Христијан Пендиков но јас сум одговорен за работата на институциите и владата и ве уверувам дека институциите ќе направат се за да се создаде атмосфера на нулта толеранција за провокации и насилство врз која било заедница во Република Македонија поради нејзиниот идентитет.“, рече Османи и додаде дека не може да преземе одговорност за содржината во медиумите бидејќи Македонија е демократска држава, но дека се создаваат механизми за следење на говорот на омраза од двете страни на границата, како во бугарското општество, така и во нашето. „Малку по малку ќе се справуваме со оваа ситуација“, рече шефот на македонската дипломатија. “.

Неговиот бугарски колега пак изјави дека  Христијан Пендиков продолжува да добива закани на Интернет и дека на вакво однесување не му е место во Европа.

„Ова е момче кое страдаше поради своите идеи. Ова е човек со кауза која ја брани. Но како министер сум тука поради друга причина – да дадам порака дека ситуацијата не треба да продолжи на овој начин. Бугарија цврсто инсистира сторителите на овој чин и другите слични на него да бидат казнети до целосна мерка на законот за да се стави крај на оваа атмосфера на неказнивост што раѓа нови и нови инциденти кои историски се поврзуваат со Македонија – палење, пукање и насилство врз луѓе. Вакви работи немаат место во Европа. Затоа Бугарија нема да отстапи од заштитата на правата на нашата заедница таму, тие се луѓе со достоинство“, рече министерот Милков.

Би можело да ве интересира

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов

МНР: Ниту едно ДКП нема инструкции да доставува ноти до земјите на акредитација

Горан Наумовски