(ВИДЕО) Општина Битола плати 80.000 евра за ископан асфалт од Плетвар: Измама е, асфалтот никаде го нема

Од:

Општина Битола и платила над 80.000 евра на локалната градежна компанија „Стентон градба ДОО“ за транспорт на 2792 кубни метри гребен асфалт кој требало да заврши на улиците во десетина села во околината на градот, но од материјалот нема ниту трага.

Се работи за оштетениот асфалт кој беше изгребан од Плетвар каде истата фирма „Стентон градба ДОО“ го реконструираше магистралниот пат на овој превој.

Од проверката во неколку општини „А1он“ утврди дека ниту една досега не плаќала за гребен асфалт и не се распишува посебен тендер за набавка на асфалт кој се третира како отпад.

Кога се прави реконструкција на улици на територијата на општината со гребење и асфалтирање, во тој случај асфалтот што се гребе се собира на локална депонија и истиот се користи за времено тампонирање на одредени делови од улици кои не се завршно обработени.

Од постоечкиот тендер на Општина Битола кој датира од јули 2022 година може да се види дека општината фактички плаќа 100.000 евра за транспорт на гребен асфалт од Плетвар до Битола на растојание од 46 километри.

„А1он“ упати прашања на 16 март и четири дена подоцна доби одговор дека асфалтот бил испорачан и вграден на 11 локации: Брусник, Крклино, Трн, Карамани, Горно Оризари, Долно Оризари, Трново, Дихово, Цапари, Драгожани и Кванташки пазар.

„За позицијата број 33: Транспорт на гребен асфалт на далечина од 60 км, распостилање и вградување на истиот со соодветна механизација, реализирани се активности на 11 локации со испорачана количина од 2792 м3 во износ од 4.941.840 денари“, стои во одговорот оттаму.

Случајната проверка во селата Цапари, Дихово и Долно Оризари покажа дека нема трага од никаков гребен асфалт, а жителите велат дека нема никаков асфалт донесен во нивните села ниту пак знаат дека локалната власт спроведувала такви активности.

Јован Настевски од село Цапари рече дека во последните месеци во селото не е донесен никаков гребен асфалт и не е направена никаква инвестиција.

– Не, тоа е измама и лага. Во последниве четири месеци не е донесен никаков гребен асфалт во Цапари ниту пак некоја друга инвестиција во селото во последните година и пол откако е избрана оваа власт во општината. Вие можете да ги снимите улиците, во Цапари никаде нема донесено гребен асфалт во последниве три-четири месеци, рече Настевски за „А1он“.

Во Долно Оризари, каде што се наоѓа и базата на градежната компанија, исто така нема гребен асфалт.

Општина Битола, има два тековни договори со „Стентон“ за „Санација на тротоари, јавни површини и партерно уредување на територијата на општината“, секој од нив во вредност од 10 милиони денари.
Четири дека по прашањата до општината каде завршил гребениот асфалт кој од Плетвар го извадил „Стентон градба ДООЕЛ“, истата компанија склучи нов договор со општината. И овој договор за „Санација на тротоари, јавни површини и партерно уредување“ е во вредност од 165.000 евра, но во него нема ставка за транспортирање туку само за машинско сечење и кршење на асфалт.

Би можело да ве интересира

Наградата за животно дело од Општина Битола за актерот Борис Чоревски

Лосос, фаширана шницла и тулумби за Армијата: Министерството ќе плати шест милиони евра за ручеци

A1on

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески

Општини за еднодневен престој на куче во прифатилиште плаќале за 244 отсто повеќе од просечната цена

A1on

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

ВМРО-ДПМНЕ: Власта пред заминување сака да ги наполни куферите со пари од тендери

А1он