Газда на фирма од кавадаречко преку хакиран е-мајл измамен за 80.000 денари

Од:

Сопственик на фирма од кавадаречко е измамен преку хакирана електронска пошта со што е оштетен за 80 илјади денари, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

– Вчера во 09:00 часот, во ОВР Кавадарци, 51-годишен жител од село во кавадаречко, сопственик на правно лице од Кавадарци, пријавил дека бил измамен за сума од 80.000 денари. Според пријавеното, преку европска платформа за транспорт, преку која договарале за да транспортираат стока, преку хакиран е-мајл добиле информација стоката која ја товариле во Германија, да ја истоварат на друга локација, различна од претходно договореното, каде и ја предале, односно не стигнала кај побарувачот и противправно била присвоена – соопштија од СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител и се преземале мерки за расчистување на настанот.

Би можело да ве интересира

Левица: Лозарот остана статист во сопствениот Гроздобер – милиони за странски изведувачи, неизвесност за македонските лозари

ОЈО води истрага за проневера и перење на над 2,2 милиони евра – првоосомничен е сопственик на фирма од Кучевиште

А1он

Јанчев: Да се истражи кој стои зад пожарот во депонијата „Мелци“

Пожарот кај Раец е изгаснат, екипите на ТППЕ Кавадарци остануваат на терен поради превенција

Поради пожар, селото Дреново e без вода

Пожарот кај кавадаречкото село Раец сѐ уште е активен