ВИДЕО: Од синоќа гори депонијата кај Буково

Од:

Од синоќа гори државната депонија Буково, која се наоѓа на патот Охрид – Ресен. Чад и неподнослив мирис се чувствуваат во околината. Во оваа депонија се носи целиот отпад што Комуналната хигиена го собира од домаќинствата во Охрид. Поради нередовно одржување на депонијата, сметот е расфрлан сè до региналниот пат. На терен има и противпожарна бригата која го гасне пожарот. Не е првпат отпадот на оваа депонија да гори, а непознато е дали станува збор за подметнат пожар.

„Депонијата гори цела ноќ. Сега ќе се затрупа со земја. Нема опасност за шумата“, велат од ЈП „Охридски комуналец“.

Задолжена за одржување на депонијата е фирмата „Нефи ИК“, во сопственост на советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини. За расчистување на отпадот, фирмата на Усеини зела 48 илјади евра од ЈП „Охридски комуналец“. Во склучениот договор пишува дека фирмата треба да го затрупува отпадот. Договорот склучен меѓу јавното претпријатие и фирмата е за период од 12 месеци и важи до мај идната година.

Советникот Усеини во јавноста е познат како сопственик на две дивоградби кои ги гради во Охрид – објектот кај Чинарот и бетонската база на стариот пат Охрид – Струга.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жарко Грозданоски од Тетово го уби охриѓанецот Климе Митрески поради имот вреден над 1 милион евра

А1он

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан