ВИДЕО: Објавена книгата од која учеле политика и Обама и Хилари Клинтон

Од:

Книгата „Правила за радикалите: Практичен вовед за реалистичните радикали“ од Соул Д. Алински, на македонски јазик ја издаде Фондацијата отворено општество Македонија, во превод на Ана Лазаревска.

Првпат објавена 1971 година во САД, книгата е опишана како страстен совет на Алински за младите радикали, за тоа како да предизивикуваат конструктивна општествена промена.

– Алински е мртов, но се уште е жива контроверза и во левицата и кај десницата и не само во Америка, туку во цел свет, а особено во САД, каде го присвојуваат, го читаат и ја користат оваа книга како тактичко оружје и едните и другите. Ги обвинуваат Обама и Хилари Клинтон дека израснале и се конституирале како политичари според правилата на Алински. Но од него не можеме да правиме догма. Она што може да го направиме е да ги поставиме истите прашања како што ги поставил Алински, зашто според него добриот организатор, ги поставува вистинските прашања. како тактичар, неговата вредност се состои во најелементарното дефинирање на тактитката, тој вели дека „тактитка значи да се направи она што може да се направи со она што се има“, човекот е филозоф, генијалец, меѓутоа направил една дефиниција која што секој може да ја разбере, рече Жарко Трајановски, активист за човекови права.

Според Анета Маркоска-Чубриновска, професор на Универзитетот Кентербери, Нов Зеланд, оваа книга ја споредуваат со такви значајни дела како што е „Владетелот“ или Комунистичкиот манифест.

– И книгата и авторот се извонредно значајни за граѓанското организирање и активизам. “Владетелот“ на Макијавели е напишан за оние што ја имаат власта и богатството, како прирачник за тоа како да ја одржат власта. Алински ја пишува оваа книга за оние другите – безимотните, како што ги нарекува, луѓето кои немаат моќ, кои немаат власт, како поука како да земат дел од таа моќ, или како да им ја одземат моќта на имотните, рече Маркоска-Чубриновска.

Артан Садику, програмски директор на Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје назначи зошто е важна оваа книга и во денешниот контекст на неолиберална економија и на политичко владеење на партиите на центарот. Го потенцираше концептот на авторот за средствата и целите – Алински вели дека никогаш не може да имаме готови секогаш релевантни и сеопфатни тврдења и рецепти, туку секогаш мора да се прашуваме дали оваа конретна цел одговара на овие методи што ги преземаме и тука јасно се гледа неговиот реалистичен и прагматичен пристап, дека мора да се работи со условите кои ги имаме, кои постојат, рече Садику.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Со кампања против насилството во спортските натпревари, заврши иницијативата „Навивај без омраза”

Ана Ололовска

Борут Клабјан во четврток со предавање во ГЕМ клубот

Ана Ололовска

Отворена дискусија со визуелниот уметник Волфганг Обермаир

Ана Ололовска

Во ГЕМ дебата за новите практики на современата уметност со уметникот и професор Волфганг Обермаир

Ана Ололовска

Работилница „Номадизмот како субверзивна практика во времиња на очај“ со Анастас Вангели

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Груевистички сведоци“ ја промовираа книгата „Што е груевизмот?“

Емир Латифовиќ