ВИДЕО: „Груевистички сведоци“ ја промовираа книгата „Што е груевизмот?“

Од:

„Груевизмот е: посекотина која одбива да се претвори во лузна и постојано капе крв, садо-мазохистички клуб, идентитет сфатен како страв,малтретирање, казна, сеча, провалија, владеење на најлошите, колективен комплекс на пониска вредност (освета на кецарошите, заговор на неталентираните), најниска точка на депресија (историско дно на македонската нација), конечно самоуништување, организирано злосторничко здружување, непрегледна корупција, изгубеност во простор и време, шапшаланат, апашанат, сатрапија, деспотија, демократура, наци болшевизам, масовна хипноза и сомнамбулизам (отровен облак од лаги, пропаганда, халуцинации), специјална психолошка војна, македонски Дизниленд“…овој текст беше дел од перформансот, со кој, вчера вечер, во клубот ГЕМ беше промовирна книгата „Што е груевизам“ – зборник текстови во кој се застапени 25 автори, во едицијата „Градот“ на издавачката куќа Темплум.

Перформансот го изведе групата „Груевистички сведоци“.

– Мислам дека е важна оваа авторефлексија самоперцепција, автоиронија, исмевањето на самите нас, тоа е е значајно и да ги нема овие – секоја критика, на некој начин, е и зборување за себе. Тоа, во овие времиња на предвечерје на промена, не само на власта, туку се надевам и на целиот систем, една драстична преобразба на Македонија, овој аспект на саморефлексија е изклучително важен, рече Никола Гелевски, уредник на Темплум.

Во книгата „Што е груевизам“ се застапени текстови од: Никола Младенов, Роберто Беличанец, Бранко Тричковски, Гордана Попсимонова, Владимир Милчин, Никола Гелевски, Мирослав Грчев, Јадранка Костова, Љубомир Фрчкоски, Мирјана Најчевска, Рамадан Рамадани, Искра Гешоска, Ѓунер Исмаил, Сашо Орданоски, Мерсел Биљали, Ида Протуѓер, Елена Михајлова, Жарко Трајаноски, Саше Ивановски, Ѕвездан Георгиевски, Емил Алексиев, Златко Теодосиевски, Синоличка Трпкова, Роберт Алаѓозовски и Иван Шопов.

„Книгата не е толку портрет на еден забеган владетел, колку историски документ. Десетте години на груевизмот се најлошата деценија во Македонија во последниве стотина години (ако ги исклучиме двете светски војни, се разбира). Застрашувачки е степенот до кој се уништени иституциите, опљачкани граѓаните, натерани на емиграција стотици илјади луѓе исто толку сотрени или разболени. Долговите земени за криминалните потреби на режимот ќе ги враќаат неколку генерации. Цената одново ќе биде беда, сиромаштија, смрт. (…) Втора важна причина за книгава е желбата да ги издвојам храбрите луѓе што му се спротивставија на опустошувачкото јато скакулци. Можев да вклучам уште барем исто толку луѓе, но граница некаде морав да ставам. Книгава сака да потсети и на медиумите во кои изминативе години сепак беше можно (и покрај големите притисоци од страна на режимот) да се слушне и поинакво мислење од она на власта“, пишува во предговорот Никола Гелевски, уредник и приредувач на зборникот.

Книгата е илустрирана со фотомонтажите на Свирачиња и Александар Јосифовски, кои со своите „креирани филмови“ придонесоа голем дел од зборникот да биде во знакот на хуморот, сатирата и бурлеската.

Би можело да ве интересира

Со кампања против насилството во спортските натпревари, заврши иницијативата „Навивај без омраза”

Ана Ололовска

Борут Клабјан во четврток со предавање во ГЕМ клубот

Ана Ололовска

Отворена дискусија со визуелниот уметник Волфганг Обермаир

Ана Ололовска

Во ГЕМ дебата за новите практики на современата уметност со уметникот и професор Волфганг Обермаир

Ана Ололовска

Работилница „Номадизмот како субверзивна практика во времиња на очај“ со Анастас Вангели

Ана Ололовска

Промоција на книгата „Што е груевизам“

Емир Латифовиќ