Со кампања против насилството во спортските натпревари, заврши иницијативата „Навивај без омраза”

Од:

Денес, на 8 февруари во просториите на ГЕМ Клуб се одржа прес-конференција, во која се презентираше иницијативата “Навивај без омраза”, иницијатива која се спроведе и истовремено се имплементираше од 10 млади активисти, новинари и студенти.

dobivaj vesti na viber

На прес конференцијата се презентираа неколку од многуте активности на оваа иницијатива како на пример влијанието на социјалните мрежи во спречување на говорот на омраза. Елион Јашари за време на неговиот говор кажа дека: “Говорот на омраза е највеќе е опфатен на социјалните мрежи, затоа ние целиот наш фокус го упативме кон социјалните мрежи. Преку новинарските написи кои во меѓувреме ги објавувавме на социјалните мрежи успеавме да бидеме влијателни кај домашните навивачки групи и да ги едуцираме нив како треба да го разберат говорот на омраза и кои се законските мерки и казни за насилство на спортските натпревари. Ние мислиме дека нашата досегашна работа е успешно спроведена, но говорот на омраза треба во континуитет да се третира и да се спречи, особено на интернет.”

„Апелираме до фудбалските клубови да организираат почести состаноци со управите на навивачките групи и Фудбалската Федерација на Македонија со цел на намалување на омразата и насилството за време на фудбалските натпревари и навивачите да се едуцираат за тоа како да се спречи можно сценарио на насилство и како треба да се справат со таква ситуација. Во презентираното видеото е прикажана изјава и на навивчката група од Скопскиот клуб КФ ШКУПИ.
Видео материјалот што го снимавме, покажува една сериозна кампања која има за цел подигнување на свеста кај навивачките групи во врска со можните последици кои можат да произлезат од насилство за време на спротските натпревар.

Исто така е важно да се наведе дека Фудбалската Федерација на Македонија е потребно да продолжи со работата заедно и со други иницијативи и разни пројекти на навладините организации со цел заедничкото влијание да донесе конкретни и евидентни резултати. Улогата на институциите како на пример Министерството за Внатрешни Работи игра голема улога и бараме да направи се што е можно за тотално имплементирање на законот за одржување на ред и мир додека трае еден фудбалски натпревар. Иако дека нашата иницијатива завршува, ние ќе продолжиме додека ја исполниме нашата цел.” – додаде координаторката на иницијативата, Адријана Селмани.

Кампањата против наслиството на спортските натпревари можете да ја видите во видеото:

Убедени сме дека нашата докажена 5 месечна работа, почнувајќи со инсталацијата на проектот во септември 2016 и се неговото завршување во февруари 2017, ќе донесе позитивни резултати кај навивачките групи во Македонија и во сите спортови во општо.

Не треба да се заборави дека главните карактеристки на една европска или западна ориентирана држава и општество се постигнува со почит кон другиот навивач на демократски начин не земајќи ја во предвид етничката или верската припадност бидејќи сите сме различни, а тоа не прави да сме свои.

Вреди да се напомене дека овој проект е финансиран од Амбасадата на САД во Албанија во соработка со Институт за Демократија и Медитација ИДМ во Тирана.

Би можело да ве интересира

Борут Клабјан во четврток со предавање во ГЕМ клубот

Ана Ололовска

Отворена дискусија со визуелниот уметник Волфганг Обермаир

Ана Ололовска

Во ГЕМ дебата за новите практики на современата уметност со уметникот и професор Волфганг Обермаир

Ана Ололовска

Работилница „Номадизмот како субверзивна практика во времиња на очај“ со Анастас Вангели

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Груевистички сведоци“ ја промовираа книгата „Што е груевизмот?“

Емир Латифовиќ

Промоција на книгата „Што е груевизам“

Емир Латифовиќ