Промоција на книгата „Што е груевизам“

Од:

Вечерва во ГЕМ Клуб, со почеток во 20 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Што е груевизам“ – зборник текстови во кој се застапени 25 автор(к)и. Станува збор за 11-та книга во едицијата „Градот“ на издавачката куќа Темплум.

dobivaj vesti na viber

На промоцијата со свој перформанс ќе настапи групата „Груевистички сведоци“.

„Книгата не е толку портрет на еден забеган владетел, колку историски документ. Десетте години на груевизмот се најлошата деценија во Македонија во последниве стотина години (ако ги исклучиме двете светски војни, се разбира). Застрашувачки е степенот до кој се уништени иституциите, опљачкани граѓаните, натерани на емиграција стотици илјади луѓе исто толку сотрени или разболени. Долговите земени за криминалните потреби на режимот ќе ги враќаат неколку генерации. Цената одново ќе биде беда, сиромаштија, смрт. (…) Втора важна причина за книгава е желбата да ги издвојам храбрите луѓе што му се спротивставија на опустошувачкото јато скакулци. Можев да вклучам уште барем исто толку луѓе, но граница некаде морав да ставам. Книгава сака да потсети и на медиумите во кои изминативе години сепак беше можно (и покрај големите притисоци од страна на режимот) да се слушне и поинакво мислење од она на власта“, пишува во предговорот Никола Гелевски, уредник и приредувач на зборникот.

gruevizam

Во книгата „Што е груевизам“ се застапени текстови од следните автори: Никола Младенов, Роберто Беличанец, Бранко Тричковски, Гордана Попсимонова, Владимир Милчин, Никола Гелевски, Мирослав Грчев, Јадранка Костова, Љубомир Фрчкоски, Мирјана Најчевска, Рамадан Рамадани, Искра Гешоска, Ѓунер Исмаил, Сашо Орданоски, Мерсел Биљали, Ида Протуѓер, Елена Михајлова, Жарко Трајаноски, Саше Ивановски, Ѕвездан Георгиевски, Емил Алексиев, Златко Теодосиевски, Синоличка Трпкова, Роберт Алаѓозовски и Иван Шопов.

Книгата е илустрирана со фотомонтажите на Свирачиња и Александар Јосифовски, кои со своите „креирани филмови“ придонесоа голем дел од зборникот да биде во знакот на хуморот, сатирата и бурлеската.

Би можело да ве интересира

Со кампања против насилството во спортските натпревари, заврши иницијативата „Навивај без омраза”

Ана Ололовска

Борут Клабјан во четврток со предавање во ГЕМ клубот

Ана Ололовска

Отворена дискусија со визуелниот уметник Волфганг Обермаир

Ана Ололовска

Во ГЕМ дебата за новите практики на современата уметност со уметникот и професор Волфганг Обермаир

Ана Ололовска

Работилница „Номадизмот како субверзивна практика во времиња на очај“ со Анастас Вангели

Ана Ололовска

ВИДЕО: „Груевистички сведоци“ ја промовираа книгата „Што е груевизмот?“

Емир Латифовиќ