На зградата што се издига на местото на поранешна „Југобанка“, а што е наменета за Министерството за финасии, веќе се гледаат новите орманенти кои треба да потсетуваат на неокласичен или барокен стил. Овие елементи се разликуваат од другите градби на „Скопје 2014“ по тоа што прозорците се во црвено – розова боја. За довршувањето на оваа зграда потрошени се 15 милиони и 500 илјади евра.
Во зградата, покрај Министерството за финансии, ќе се вселат и Бирото за јавни набавки, Државниот девизен инспекторат и Управата за имотно-правни работи Тендерот од 15,5 милиони евра го доби компанијата „ЛСГ Билдинг Солушнс ДООЕЛ Скопје“, кој Министерството за финасии го распиша откако го раскина договорот за градба со словенечката компанија „Енергоплан“.
Зградата ќе има 11 ката и е со површина од 14.000 квадратни метри.
Компанијата што го доби тендерот ги реализира градежните, градежно занаетчиски и инсталатерски работи, но и да ја уреди зградата на внатрешен и надворешен план.
А.Б.