ВИДЕО: Нови фасади, ќе се реконструира и зградата на Стопанска Банка во ГТЦ

Од:

Градот Скопје бара идејни решенија за реконструкција на фасади во центарот на градот.

Според петте огласи доставени до Бирото за јавни набавки, ќе се реконструираат фасадите на повеќе згради.

Меѓу оние кои ќе добијат фејс лифтинг во барок стил се фасадите на плоштадот ВМРО.

Градот предвидел награда од 40.000 денари за прва награда во нето износ. Во тендерската спецификација стои дека првата награда ќе се доделува повеќепати зашто во огласот објектите се делат на делови а за секој дел изборот на идејно решение ќе чини 40.000 денари. Па така со реконструкцијата само на плоштадот ВМРО опфаќа 12 делови.

Идејни решенија за реконструкција на фасади се бара и за објекти на булеварот „Илинден“. Првата награда за секој од идејните решенија е 25.000 денари, а огласот е поделен на 12 делови или 12 први награди.

Градот ќе реконструира и фасада на улицата „Црвена скопска општина“. Зошто станува збор за еден објект тука првата награда за идејно решение изнесува 150.000 денари во нето износ.

Реконструкција на фасади ќе има и на улицата „Димитрие Чуповски“ во строгиот центар на градот или улицата попозната како „Рекорд“. За овие идејни решенија предвидена е прва награда во износ од 25.000 денари а огласот е поделен на пет дела или пет идејни решенија кои ќе го понесат приматот на најдобри.

Ќе се реконструираат и фасади на плоштадот „Мајка Тереза“, како и зградата на Стопанска Банка која е во склоп на ГТЦ. За овој оглас првата награда изнесува 40.000 денари а огласот е поделен на шест дела или шест први награди.

Вчeра Град Скопје објави и оглас за реконструкција на зградата со број 39 на улица „Македонија“. Според проценката на градот овој зафат би чинел околу 900.000 евра.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски