ВИДЕО: Нова барокна зграда од 7 милиони евра ќе го сокрива МОБ

Од:

Денеска е поставен камен темелник на нова административна зграда која ќе се гради буквално до самиот ѕид на Македонската опера и балет, откако за време на викендот беа исечени дрвата од малиот парк што се наоѓа кај службениот влез на МОБ. Се работи за нова административна барокна зграда која треба да обезбеди канцелариски простор од 10.179 метри квадратни за вработените во државните институции.

Инвеститор на оваа нова зграда што се гради буквално до самиот ѕид на МОБ, е акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДСДП). Објектот ќе има приземје, седум ката и поткровје.

Автор на идејното решение Жарко Чаушевски, а основниот проект е изработен од студиото „Архитектоника“ од Скопје. Нема повеќе информации зошто оваа нова зграда од проектот „Скопје 2014“ целосно ќе го сокрие еден од симболите на модерно Скопје, препознатливото бело здание на Македонската опера и балет.

Огласот за изградба на барокната зграда на АДСДП беше објавен во јуни, со проценка дека ќе чини околу 7 милиони евра. На градилиштето денеска работеа градежни екипи на фирмата „Декон-Ком“ од Скопје, која претходно работеше на изградбата на зградата на кај хотел „Бристол“.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Петмина ќе одговараат за перење пари за спомениците за Скопје 2014

A1on

СДСМ: Мицкоски е опкружен со криминалци и води криминална партија, да поднесе оставка

СДСМ: Феникс го потврди ултра криминалот на ДПМНЕ во Скопје 2014

Предраг Петровиќ

Костовски: Мицкоски да поднесе оставка за докажаниот криминал во Скопје 2014 на ДПМНЕ

СДСМ: Со години ДПМНЕ переле пари преку Скопје 2014 врз грбот на народот

Куќен притвор за Владимир Тодоровиќ

Катерина Ѓуровски