ВИДЕО: Ниту Обвинителството, ниту неговиот бранител не ја знаат адресата на Пендиков во Софија

Од:

Откако судот го прифати барањето на одбраната на на обвинетиот рочиштето да се одложи и да им бидат доставени доказите прибрани од Обвинителството, судијата Бојан Мартиноски побара од обвинителите и од застапникот на Христијан Пендиков да ја добие адресата од охриѓанецот кој е на лекување во Софија.

– Не знаеме кога ќе може да присуствува Пендиков поради медицински причини, се зависи од рочиштето, истакна обвинителите.

Информација нема ниту неговиот адвокат, Стефан Кармишевски.

– Ќе се појави штом заврши лекувањето. Поради здравствени причини не можам да потврдам кога ќе се случи тоа – рече Кармишевски и додаде дека не го гледал интервјуто на Пендиков дадено за бугарски медиум две недели после операцијата на вилицата која му беше повредена при нападот во Охрид.

Главната расправа од судењето против напаѓачот над секретарот на бугарскиот клуб во Охрид, Христијан Пендиков, е одложена за 5 април.
Судскиот процес во Основниот суд во Охрид го води судијата Бојан Мартиноски, а на напаѓачот ќе му се суди за крвично дело напад од омраза со тешки повреди.

Основното јавно обвинителство – Охрид за нападот врз Пендиков поднесе обвинение против две лица. Едниот обвинет досега се бранеше со молчење, и како што информираа претходно од Обвинителството, тој се товари за кривичното дело по увид во надзорните камери и изјави на сведоци. Вториот обвинет, пак, кој беше во бегство, беше приведен минатата недела во Битола.

Инцидентот со Христијан Пендиков се случи на 19 јануари во кафе-бар во Охрид. Случајот предизвика тензии во односите меѓу Софија и Скопје. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше транспортиран на лекување во Софија каде што се уште се наоѓа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Адвокатот Цобоски: Татко му на Илија Спасески спасуваше Бугари во несреќата во Охрид, ова е политичка работа

Орце Костов

ВИДЕО: Судот го одложи рочиштето по барање на адвокатите на Спасески, побара да се донесе Пендиков

Орце Костов

Маричиќ: Имаме изјави од Пендиков како не сака да чуе за Бугарија и дека само ВМРО-ДПМНЕ го интересира

Ана Ололовска

Обвинителството бара на битолчанецот осомничен за нападот на Пендиков да му биде одземен пасошот

Уапсен вториот напаѓач на Христијан Пендиков

Катерина Павлова-Николовска

Напаѓачот на Пендиков е на слобода, одземен му е бугарскиот пасош

Орце Костов