(ВИДЕО) Ниту „да“ ниту „не“: Арсовска одбива конкретно да каже дали била менаџер на фирмите кои не платиле 54.000 евра за струја

Од:

Кандидатката за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска повторно одби да ги негира наводите на пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски дека две нејзини фирми не платиле струја во висина од 54.000 евра. Арсовска не сака да каже јасно дека не била управител и немала долг и покрај вчерашното ново тврдење на Каевски дека кога била направен долгот управител била Арсовска.

-Данела била управител на оваа компанија, „Империал Данела“ а потоа „Империал“. Во 2014 година ЕВН констатира кражба на струја во вредност од 54.000 евра. А токму од 2013 година до 2014 година, била управител на оваа компанија, изјави вчера пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.
На прашањето дали ја менаџирале некогаш спортската сала „Расадник“во периодот од 2005 до 2014 година, Арсовска не даде конкретен одговор.

-Мојот одговор на вашите прашања беше даден по политичката хајка која потекна со цел да се превенира тоа дека ќе има одговорност за потрошените четири буџети. Јас имав итна реакција во која ги изнесов своите аргументи, рече таа.

На барањето дали може да одговори со „да“ или „не“ таа кажа:

-Јас вам не ви ги креирам речениците и би ви била благодарна, доколку не потпаѓате на политички манипулации и доколку граѓаните не наседнуваат на лагите на.. во кои четири години имаа можност да ги трошат нашите пари. Немам намера да се впуштам во докажувања, одговори Арсовска.

Таа не сакаше да даде конкретен одговор и дали против нејзина фирма некогаш се водела постапка за неплатена струја и дали има сознанија кој ги менаџирал овие фирми.

-Повторно, ви кажав, тоа се политички лаги и манипулации кои сакаат да навлечат да не се дискутира за оној што украде четири буџети, туку да се дискутира за мене. Јас дамка сум немала, верувам дека сите ќе ја видат разликата на она што го имавме досега и она што ќе дојде, рече Арсовска.

-Не е дека не потврдив ниту демантирав, испратив пишан документ, демант за наводите на оваа партија. Уште истата минута реагирав и демантирав. Дали некој кој немал 42 години никаква дамка, на која актуелниот градоначалник води црна кампања против мене да му одговарам за нешто што е лага и измама.

-Јас ви испратив информации за вие да ја знаете вистината, за другите работи нема да појаснувам затоа што тие што украдоа четири буџети го сакаат. Поднесена е тужба и тужбата ќе си ја покаже вистината, рече Арсовска.

Би можело да ве интересира

Славески: Се соочуваме со големи опструкции од страна на градоначалник и администрацијата на Град Скопје

Совет на Град Скопје: Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници

Арсовска: Мицкоски ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Данела Арсовска нема да се кандидира за втор мандат