(ВИДЕО) Николовски: Во новиот мандат субвенциите за мерката „зелена нафта“ ги зголемуваме од 30 на 50 отсто

Од:

Покриеноста на трошоците за зелена нафта ќе биде зголемена на 50% и тоа во мај, веднаш по доаѓањето на новата влада што ќе ја предводиме, најави генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски на денешната трибина во Струмица Агенда 20-24, посветена на земјоделството.

Николовски посочи дека со оваа мерка досега се опфатени околу 55.000 земјоделци кои имаат намалени трошоци за производство.

Генералниот секретар Николовски пред присутните соопшти дека е одобрен нов грант од Светка банка во висина од 46 милиони евра за модернизација за земјоделството, со кој ќе меѓудругото ќе се градат три модерни откупно дистрибутивни центри во Скопје, Ресен и во Струмица.

Ги решававме наследените напластени проблеми и воведувавме нови мерки, во изминатите две и пол години, се посветивме на изнаоѓање системски мерки и решенија и заокруживме сет политики кои беа проблем пред 2 години, како неисплатени субвенции, нивна селективна исплата, производни трошоци, откупот и пласманот на земјоделски производи, и станавме светол пример во користењето на средствата од фондовите, заклучи генералниот секретар Николовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николовски: Владините кошнички не даваат резултат, да се укине ДДВ за храна

Се намалува бројот на регистрирани земјоделци

(ВИДЕО) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски