Левица со поддршка за струмичките земјоделци

Од:

Левица дава целосна поддршка на струмичките земјоделци кои храбро излегоа на улица во борба против понижувачките откупни цени на пиперката „куртовска капија“. Тие со месеци ја обработуваат земјата, вложуваат сопствени средства и го преземаат целиот ризик на производството, а сега за еден од најзначајните земјоделски производи во струмичкиот регион им се нудат потценувачки 25 денари за килограм, се вели во соопштението од ПП Левица.

– Зад секоја нива стои семејство кое живее од земјата, а зад земјоделството стојат цели локални економии. Кога овие семејства ќе се откажат од производството, нивите остануваат празни, младите си заминуваат, а храната што можеме да ја произведеме овде ја купуваме однадвор. Македонија не смее да стане држава која увезува храна додека сопствените земјоделци ги остава без достоинствен приход.

Струмичките земјоделци бараат 50 денари за прва класа, 40 денари за мешана прва и втора класа и 20 денари за втора класа, фиксни откупни цени за целата сезона, навремена исплата на родот и исплата на заостанатите субвенции. Тие бараат услови во кои ќе можат да произведуваат и следната година, наместо секоја сезона да се прашуваат дали воопшто ќе можат да ги покријат вложените средства. Во услови на постојан раст на производствените трошоци, државата не смее да го остава производителот сам, на милост и немилост на откупувачите!

Министре Серафимовски, земјоделците не излегоа на улица за да бидат сослушани и повторно испратени дома со празни ветувања. Од Министерството за земјоделство се очекува конкретно решение за нивните барања и гаранција дека трудот на земјоделците нема да биде обезвреднет.

Левица се бори домашното производство да биде државен приоритет, а земјоделскиот труд да биде заштитен и соодветно вреднуван. Стоиме заедно со струмичките земјоделци и со секој македонски производител кој денес се бори за својата егзистенција и за опстанокот на домашното производство, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари

А1он

Левица го засилува фронтот во изборна единица 1 – против бетонизација, загадување, узурпација на јавен простор

А1он

Левица: Официјалните извештаи потврдија дека Треска е мртва река, а институциите молчат – бараме кривична одговорност

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Левица: МВР на Тошковски се обиде да ги евидентира заканите на градоначалник кон советничка како поплака

А1он