(ВИДЕО) Николовски: Креираме развојни политики за млекопроизводството

Од:

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска ја проследи презентацијата на документот за јавни политики во секторот на млекопроизводството, изработена од УСАИД и Здружението на производители и преработувачи на млечни производи „Знак за квалитет“. Целта на овој документ е да ги лоцираат слабостите во фукционирањето на овој сектор кој ја ограничуваат неговата продуктивност, како и да понуди насоки за подготовка на мерки и стратегии за понатамошен развој.

„Тука сме да ги слушнеме предлозите, да ги искористиме препораките од овој документ и заеднички да креираме развојни политики за млекопроизводството. Овој документ и целата дебата верувам дека ни помогне да подготвиме соодветни мерки и политики за развој на млекопроизводството. Ние како министерство работиме на развој на млекопроизводството преку Програмите за финанасикиска подршка во земјоделството и руралниот развој. Во годинешната Програма за рурален развој ја зголемивме финансиската поддршка за мерката за набавка на приплоден добиток од 14 милиони денари на 91 милиони денари. За поголема сигурност во инвестицијата фармерите кои планираат да инвестираат во добиток, прво ќе склучат договор за поддршка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, па потоа ќе ја реализираат инвестицијата. Оваа мерка е важна за подобрување на генетскиот потенцијал, што крајно ќе лијае и врз квалитетот на финалион производ“, изјави Николовски.

При тоа Николовски посочи дека освен мерките од Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како дополнителна можност за поттикнување на сточасртвото вклучително и на млекопроизводството се и мерките од ИПАРД 2 програмата, кои нудат можности за инвестиции во изградба или реконструкција на фарми за добиток, објекти за добиточна храна, складишта за храна, опрема за земјоделство, изградба на млекарници и друго.

 

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ

Николовски: ВМРО ДПМНЕ лаже, не се точни објавите

Петрушевски: Додека владата должела 50 милиони за субвенции на земјоделците, Николовски плаќал хотелски соби од неколку стотина евра

Катерина Ѓуровски