Ќе ви кажам збор два за криминалот и еволуцијата. Дали знаете дека со секој поминат ден нивната сметка е се појака и појака? Дали знаете дека и денеска повторно не задолжија, рече пред демонстрантите Маријан Ненов.
Пред 4 години, точно во јуни 2012 година, нашиот екс премиер отиде во Русија и таму се сретна со еден криминален бизнисмен, Леонид Медведев. Тој е сопственикот на една голема компанија која што денеска ја поседува Балкан Енерџи Груп. Неговата десна рака пред една недела беше уапсен. Две оф шор компании се сопственици на БЕГ, компанијата која што е најомразена во Скопје. Таа краде 40 илјади фамилии, а тие пари завршуваат на Кипар, а потоа во некои приватни џебови. Затоа соборците ме замолија да поставам неколку прашања: Зошто господине Груевски се сретнавте со Леонид Медведев? Зошто по вашето враќање ја формиравте БЕГ? Зошто бевте против промена на закон за енергетика? Дали господине Груевски компанијата БЕГ е токму ваша, праша Ненов.