(ВИДЕО) „Не продаваме ништо ниту пред избори ниту по избори“: ГРОМ, ИНТЕГРА и ПЦЕР ја промовираа коалицијата

Од:

Политичките партии ГРОМ- Граѓанската опција за Македонија, ИНТЕГРА, Македонска конзервативна партија и ПЦЕР – Партијата за целосна еманципација на Ромите потпишаа коалициски договор за заеднички настап на претстојните парламентарни избори, а првиот човек на ГРОМ и претседателски кандидат Стевчо Јакимовски ги соопшти и носителите на коалицијата „Храбро за Македонија“ .

– Нашата коалиција се вика „Храбро за Македонија“, покажуваме храброст на овие домашните што се спремни се да направат да останат на власт. Да им се спротивставиме и на вторите кои се спремни уште повеќе да предадат после изборите. Оваа коалиција не предава ништо ниту пред избори ниту после избори. Промена на устав, разговор за јазик и идентитет, „но пасаран“ – истакна Јакимовски.

Носител на коалицијата во изборнат единица 1 ќе биде д-р Добрила Андоновска, специјалист за пластична хирургија, во 2 изборна единица ќе се трка професор д-р Љупчо Ристовски, во изборна единица 3 ќе биде д-р Јордан Николов, доктор по ветеринарна медицина, во четворката носител е Ружица Николова, менаџер, во изборна петка носител е Самка Ибраимовски, диполомиран економист, а во изборна единица број 6 ќе биде Зоран Софревски, електротехничар од Гостивар.

Според лидерот на ГРОМ, коалицијата лесно ги усогласила своите ставови и во делот на надворешната и во делот на внатрешата политика и во делот на уставните промени и идентитетските прашања, како и на на економските прашања.

– Во делот на политиката овие три партии имаат заеднички став дека сме против уставните промени и против внесување на Бугарите во Уставот без да се затвори целиот обем на прашања во однос на тоа дали ние сме постоеле пред 1944 година и дали нашите македонски револуционери се Македонци по етничка припадност и дали ние имаме фалшива историја како што велат Бугарите.

Ние сме за влез во ЕУ, но отфрламе да се поставуваат нови прашања кои се однесуваат на идентитетот, јазикот и културата, а не биле поставени на ниту една земја кандидат.

Услов во иднина за било каква коалиција после пратеничките мандати се образовните реформи и реформите во фундаментите – додаде Стевчо Јакимовски во своето обраќање.

Би можело да ве интересира

ГРОМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за нова градинка, две спортски сали и реконструкција на улици – дури и кога проектите ги одобри нивната Влада

Гром уби човек во Црна Гора

А1он

Од удар на гром во САД: Загина маж, 13 повредени, четири деца се хоспитализирани

Тројца загинати и четворица повредени – гром удри на плажа во Русија

А1он

Советниците од Карпош се противат на владината одлука за одземање на салата „Партизан“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јакимовски: Унапредувањето на судијката Димовска е награда за мојата затворска казна