Јакимовски: Наместо со идеи, визија и програма, власта на терен излезе со вреќи брашно

Од:

Граѓанска Опција за Македонија (ГРОМ) предводена од кандидатот за градоначалник на општина Карпош – Стевче Јакимовски денеска остро реагираше на, како што велат, срамните сцени во скопската населба Злокуќани, каде високи претставници на власта, наводно делеле вреќи брашно како форма на предизборен поткуп.

„Денес сведочевме на слика која нè враќа триесет години наназад. Наместо со идеи, визија и програма, власта на терен излезе со вреќи брашно“, стои во соопштението на ГРОМ.

Според партијата, граѓаните на Карпош биле сведоци на делење вреќи од по 30 килограми брашно од гаражи и куќи, што ГРОМ го оценува како навреда за достоинството на секој човек.

„Кога нема резултати, кога нема дела – останува само брашното“, порачуваат од ГРОМ, додавајќи дека оваа постапка е доказ за вистинското лице на власта и нејзиниот кандидат.

Од партијата упатија и прашање до премиерот: „Дали ова е вашата програма за инженерите, професорите, лекарите, пензионерите и домаќините? Дали мислите дека достоинството на човекот вреди една вреќа брашно?“

ГРОМ порача дека во Карпош граѓаните не се купуваат, туку се почитуваат.

„Ние не делиме брашно – ние градиме водоводи, канализации, улици, фасади, училишта и градинки. Карпош одамна ја надмина вашата ’триесеткилна политика‘,“ стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ГРОМ: Додека Јакимовски е во болница, власта продолжува со политичката пресметка и селективна правда

Голема загуба за сточар од Чашка: Гром усмрти 107 овци

Горан Наумовски

Гром усмрти американски турист на Етна во Сицилија

А1он

(ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Гром уби фудбалер за време на натпревар

Горан Наумовски

Гром удри жена на плажа во Хрватска – носеше чадор за сонце

А1он

Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци.