(ВИДЕО) Не покачувате плати и лажете за пензиите, ја задолживте државата четири милјарди евра – нова пресметка на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Разочараноста на граѓаните од владеењето на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ е големо и присутно низ целата земја, рече претседателот на СДСМ Венко Филипче на средба со граѓаните на Маврово Ростуше каде што беше во посета.

-Изневерени се предизборните ветувања а владата стана извор на секојдневни скандали за кои нема одговорност. Најмногу реакции има за прекинивањето на политиките на постојан раст на платите, во сите сектори, додека има зголемување на трошоците за живот. Влада која не покачува плати е влада која не се грижи за луѓето, рече Филипче.

Филипче потенцираше дека СДСМ во време на најголема здравствена и економска успеаваше да ги покачува платите и да покаже вистинска грижа за работниците.

-Христијан Мицкоски и неговата Влада го прекинаа растот на платите и го вратија концептот на ВМРО ДПМНЕ да бидеме земја со евтина работна сила. Тоа е погрешно и го загрозува стандардот на работниците, на граѓаните. Било какви правдања не држат. Работа на Мицкоски е да обезбеди пари за поголеми плати и СДСМ ќе продолжи да ја притиска Владата.,рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на средба со граѓаните на Маврово Ростуше.

Пратеничката на СДСМ, Даниела Николова на прес конференција рече дека наставниците биле разочарани од власта затоа што немало да има покачување на платите во септември.

– Мицкоски и Јаневска немаат концепт за образование, ниту има намера да ги зголеми платите на наставниците. Повторно, ДПМНЕ во сите работниците гледа евтина работна сила. Владата на СДСМ во време на најголема здравствена и економска криза ги покачуваше платите. Кумулативното, СДСМ ги зголеми платите во образованието за над 55 отсто, рече Николова.

Подобро да не држат прес-конференции отколку да држат набрзана напишани безлични пресови со кои излегуваат смешни пред целата јавност велат во реакцијата на ваквите обвинувања од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС за каква разочараност говори по само ДВА месеци нова власт, откако претходно долгот на државата го зголеми за четири милијарди евра, а со двоцифрена инфлација ги зголеми цените за 200 посто.Прашањето е што изградија за парите со кои се задолжија и зошто ниту еден граѓанин не ги почуствува парите за кои тие се задолжуваа. Одговорот е дека тие завршуваа во приватни џебови.За само два месеци нова власт се покачуваат пензиите за пет илјади денари, а просветните работници од март ќе го добијат покачувањето на платите кое го заслужуваат, се вели во одговрот од ВМРО-ДПМНЕ.

Премиерот Мицковски рече дека законското решение за линеарно зголемување на пензиите вчера поминало на седница на влада, дека Законот треба да помине во Собрание и од спетември пензионерите ќе ја добијат првата половина од ветените 5000 денари покачување.

– Христијан Мицкоски пред изборите вети дека ќе ги зголеми пензиите за сите пензионери за 5.000 денари. Но ова ветување не само што не се исполни, туку и го постави прашањето за долгорочната стабилност на Фондот на ПИОМ. Во реалноста, пензионерите ќе добијат покачување од само околу 1.000 денари, што е далеку од она што им се бетуваше и далеку од очекувањата и потребите на најранливата група во општеството. Кога Мицкоски најави покачување на пензиите за 5.000 денари, многу пензионери поверуваа во тоа и очекуваа да се случи, за подобрување на животот во услови на растечки цени на основните потреби. Но, со последната одлука на владата, пензионерите беа изненадени и разочарани кога разбраа дека на своите сметки нема имаат дополнителни 5.000 денари во септември.На пензионерите секако им следува покачување на пензиите во септември, а потоа и во март согласно методологијата за постојан раст на пензиите. На тоа покачување кое секеко им следи власта додава само 1.000 денараи а не 5.000 денари како што ветуваше. Оваа разлика од 4.000 денари не е само обичен математички пропуст, туку показател за начинот на кој владата на Мицкоски сака да ги користи пензионерите како инструмент за политички поени. Многумина пензионери веќе изразија незадоволство од ваквата измама, оценувајќи ја како удар на веќе кревкото доверие во институциите, велат од СДСМ по оваа изјава на премиерот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ако Мицкоски лаже сликите се јасни, еве ги активистите од настаните со црквата во Галате

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

Мицкоски: Акцијата за даночно затајување е една од низата што ќе следуваат

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните, нема намалување на цените

Владата не сака исфрустрирани производители и трговци, намалувањето на цените „на чекање“

Премиерот вели дека остануваат на поддршката за бранителите, за Таравари не е време за оваа тема