Здружението на граѓани кое е регистрирано после две години од истекот на мандатот на тогашниот претседател се реши да распише избори полни со нерегуларности, избори со облепени гласачки кутии, без параван, без избирачки список и без број и печат на гласачкото ливче. избори со присутни лица од УМС и ВМРО-ДПМНЕ, кои главно се вработени во државните администрации и избори придружени со Специјалната единица за брзо распоредување, небаре ние сме терористи, а не студенти. Во текот на денот неколкупати пријавивме во полиција за кражба на гласачки кутии, кутии кои воедно се сопственост на Државната изборна комисија, рече Јана Нашулова од Студентскиот пленум.
– Безбедносните полициски сили и ЕБР не третираа како непријатели на државата, а тоа ние не го прифаќаме. Неприфатливи се изборите со влечење, туркање и закани. Изборите не личеа на студентски избори. Кога сакавме да влеземе во онаа канцеларија каде секој студент има право да влезе налетавме на заклучена врата како во многу администрации во државава. Кога сакавме да разговараме со некои од членовите од Студентскиот парламент или не ни одговараа на повиците, или пак не го знаеа одговорот. После две годишна борба за право, на 30 јуни беше преголем ден за сите оние кои се боревме против криминалот. Беше долг ден за блиските, за медиумите кои целодневно пренесуваа на јавноста, рече Нашулова.