Нашата борба започна затоа што удрија по нас младите. Прво удрија по студентите, а кога тие го дигнаа својот глас, удрија по средношколците мислејќи дека ние не сме моќни. Ни велеа дека некој ги пишувал писмата кои им ги испраќавме и дека немаме капацитет за да напишеме такво нешто, а потоа велеа ќе ви ја дадеме матурата, оставете ни го екстерното, рече членка на Средношколскиот пленум пред демонстрантите.
И покрај квазиреформите со кои сакаа да не изградат во без’рбетници, мирни послушници послушници на режимот кои што понатаму во животот ќе прифаќаат се што им се сервира, сепак во тоа не успеаа. На Груевски му се случи младина која што не очекуваше дека ќе му се случи. Тој не остави на улица за време на Куманово, не остави да кампуваме пред МОН на дожд и ветер, не апсеше на 5 мај, не апсеше на 13 април, не остави во притвор, но сите закани и притисоци единствено успеаа да покажат колку ние сме силни и колку овие бедни обиди на Груевски уште повеќе не мотивираат да продолжиме во нашата битка, рече демонстрантката.