ВИДЕО: МВР заплени дрога вредна 300.000 евра, уапсени се тројца дилери

Од:

МВР ги уапси Б.А.(37) од село Буковиќ, општина Сарај, М.А.(21) од село Копаница и Н.А.(18) од Буковиќ. При преглед во возило „мерцедес“ кое го управувал Б.А., се пронајдени четири патни торби со вкупно околу 100 килограми висококвалитетна марихуана во вредност од околу 300.000 евра, која најверојатно потекнува од фабрика за производство на масло од канабис за медицински цели, а која при улична продажба би достигнала цена од 600.000 евра.

– Околу 20 часот на булеварот „Маршал Тито“ во Неготино, полициски службеници дале наредба за запирање на возило „шкода октавија“, но возилото не застанало, а веднаш потоа бил запрен „мерцедес“. Возачот Б.А. се обидел да избега, но набргу бил фатен, а при преглед во возилото била пронајдена дрогата. Набргу, по преземени мерки било пронајдено и запрено и возилото „шкода октавија“, кое го управувал М.А., а совозач бил Н.А.. „Шкодата“ му била претходница на „мерцедесот“. Подоцна, со судска наредба се извршени претреси во домовите на приведените лица, при што кај М.А. биле пронајдени и одземени два пиштола, кои ги поседувал без дозвола – соопшти Сузана Прањиќ Талевска од МВР.

Во врска со настанот, во текот на денот, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи со претставници на Комисијата за оценување на исполнетост на услови по однос на простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување канабис за медицински цели при Министерството за здравство ќе извршат вонредни контроли во фабрики за производство на масло од канабис за медицински цели во околината на Кавадарци и Неготино.

Би можело да ве интересира

Шкотска е престолнина на смртта во Европа седма година по ред – синтетичките дроги уништуваат сè

А1он

(ВИДЕО) Објавена е снимка од американскиот напад врз венецуелски брод кој превезува дрога, загинаа 11 лица

Истрага за дилер од Гевгелија, кај него се најдени 100 најлонски зипер ќесички наркотична дрога

Скопјанец со голема количина на кокаин е уапсен кај Лесковац

Горан Наумовски

Во два одвоени случаеви претреси кај лица од Кочани е пронајдена дрога

Горан Наумовски

Наместо воздушнo перниче, во автомобилот на 62 годишен Хрват откриени 4,3 кг кокаин

А1он