(ВИДЕО) МВР: Регистрирани два случаи на фотографирање гласачко ливче

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека од изутринава се регистрирани два случаи на фотографирање гласачко ливче, а нема регистрирано нарушување на јавниот ред и мир во текот на гласањето.

Во 9.05 часот на гласачко место во градинката „Лале срничка” во Општина Аеродром претседателот на Избирачкиот одбор го забележал лицето Р. Ѓ. (36) како со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Р.Ѓ. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Билјана Милевска од Одделот за односи со јавност во МВР информира дека вториот инцидент бил регистриран во 11.40 минути на гласачко место 1515 во село Обршани. К.П. со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Од страна на полициски службеници се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утрово во 6.11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на гласачко место во ОУ „Дрита” во село Рашче била оштетена влезната врата, но Изборната комисија констатирала дека нема проблеми со избирачкиот материјал и гласањето започнало во предвиденото време без проблеми.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски