(ВИДЕО) Милчин: Не е доцна да се дејствува

Од:

На денешната и промоција на книгата „Правила за радикалите: Практичен вовед за реалистичните радикали“ од Соул Д. Алински, која е значајна за граѓанското движење и активизмот, се говореше и за македонската ситуација на граѓанското организирање.

Според Владимир Милчин, извршен директор на Фондација отворено општество Македонија, не доволно да се каже дека се доцни и дека ова премногу пати се повторувало во последните 10 или 15 години во Македонија, туку треба да се дејствува.

– Ние доцниме во многу работи и од некаде мора да почнеме да го намалуваме доцнењето, исто така збор кога ќе кажеме дека ние доцниме мислам дека е пресилен збор кога ќе кажете само ние доцниме, за ова е доцна, за она е доцна…Премногу „за ова е доцна“ сме говореле во Македонија, последниве 10, 15 години, од некаде мора да почнеме, рече Милчин.

Според него потребно е да се поставуваат вистинските прашања во општеството, а за тоа се потребни алатки.

– Инаку ние постојано ќе тапкаме во нешто што е вакуум на безидејност, значи простор во кој идеја, идејност, идеологија се веќе проскрибирани зборови. Македонија е идеален пример на она што го пишува Фукујама дека идеологиите се мртви. Идеологиите се мртви, меѓутоа, некои од нив се повампирени. И тоа мора да го кажеме и мора да ги демаскираме. Ние немаме либерализам – имаме неолиберализам и ги гледаме сите последици од тоа. Секојденвно. Не знам дали е доцна или не, ама мислам дека не е доцна за оние кои чувствуваат потреба да направат нешто. Тука нема избор. Ние можеме да раскажуваме што е подготовката, но мотивот не можеме да си го раскажеме. Не е тоа ебола, па да се пренесува. Или имаш потреба или немаш потреба, не чекај да бидеш заразен, вели Милчин.

A.Б.

Би можело да ве интересира

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска

Милчин до Адеми: Како не ти е срам, пицеријата кај чинарот е скала?

Татјана Ташкова

ФООМ додели награди за средношколци и наставници

Ана Ололовска

Заев-Сорос: Македонија презеде клучни чекори за стабилност, безбедност и економски развој

Ана Ололовска

ФООМ бара итно повлекување на законската измена за заменици директори во јавните претпријатија

Наум Локоски

ФООМ – 25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество

Ана Ололовска