(ВИДЕО) Мицкоски-Рикер: Членството во НАТО и ЕУ е клучен фактор за стабилност на регионот

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари средба со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер.

На средбата, како што соопштија од ВМРО-ДПМНЕ се разговарало за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и реализацијата на стратешките цели на државава.  Мицкоски посочи дека власта во овие моменти спроведува злоупотреба на институциите, нарачани обвиненија, притвори и пресуди.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека власта врши сериозни нарушувања на правната држава и владеењето на правото и дека тоа државата ја уназадува во поглед на исполнување на стратешките приоритети и назадувањето на демократските процеси. Воедно тој подвлече дека Република Македонија се соочува со сериозни економски проблеми, лош стандард на граѓаните и сиромаштија која е производ на недоволната ангажираност на владата.

Мицкоски ја истакна и важноста на стратешкото партнерство на Македонија со своите сојузници и додаде дека клучна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ останува интеграцијата во ЕУ и НАТО.

Соговорниците се согласија дека членството во НАТО и Европската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка која ќе придонесе остварување на тие цели.

Би можело да ве интересира

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Никој нема против албанскиот јазик, но треба да се знае дека официјалниот јазик во оваа држава е македонскиот

ВИДЕО: За реконструкција на Владата ќе разговара во периодот мај/јуни

Катерина Ѓуровски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини