(ВИДЕО) Мицкоски: Не ме пуштија да го видам, Јанакиески го чуваат околу 50 полицајци

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од пред болницата „8-ми Септември“, каде е хоспитслизиран екс-министерот, Миле Јанакиески рече дека денешниот ден е црн ден за демократијата.

Мицкоски на новинарско прашање одговори дека не му било допуштено да го посети Јанакиески, кој се наоѓа во болница по тепачката во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари, откако вчера му беше одреден 30-дневен притвор.

„Не ми дозволија да го видам Јанакиески. Дојде дежурниот доктор и кажа дека има повреди по телото. Станува збор за тешка ситуација пред вратата на Јанакиески. Педесет полицајци беа таму и јас со неколку луѓе. Директорот требаше да се јави кај Зоран Заев за да види што ќе каже. Денеска видивме дека затворениците немаат права и исто така се подложни на туртура“, рече Мицкоски, кој претходно беше сопрен од обезбедувањето кое му укажа дека за посетата треба да побара одобрение од судот.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, најави дека случајот со тепачката во затворот ќе биде пријавен кај меѓународните фактори. Рече дека никој не ја признава грешката, туку ја правдаат со евтин „пи-ар“.

„Лудилото продолжува. Оваа криминална Влада го покажува вистинското лице. Денес се жртви Спире и Миле, а утре ке биде секој од вас. Ова е преседан, државата не успеа да ги заштити“, рече Мицкоски од пред болницата.

Тој побара одговорност да сносат премиерот Зоран Заев, министерката за правда Рената Дескоска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Треба да размислите што се случува во Македонија. Веднаш оставка од овие луѓе и предвремени избори. Рацете на Зоран Заев се крвави и не постои вода што може да ги испере“, рече Мицкоски и додаде дека ако ова е животот што дошол во Македонија, да им служи на чест.

Претходно денеска, екс-министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски беа повредени во затворот „Скопје“ во Шуто Оризари.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски