(ВИДЕО) Мицкоски: Ова ќе биде тешка и голема битка, не смее самоувереноста да не удри во глава

Од:

Убеден сум и сигурен дека сме пред прагот на една голема и убедлива победа, победа на нова генерација во политиката, победа над неправдите и победа на концепт темелен на вредности. Ова го изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, пред присутните на Конвенцијата за преставување на кандидатите за пратеници во Македонската Филхармонија.

„Во овие моменти ВМРО-ДПМНЕ води убедливо. Но ова ќе биде тешка и голема битка. Не смее самоувереноста во победа да не удри во глава. Ниту пак славата. Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е важен. Секој човек за ВМРО-ДПМНЕ е важен. Сакаме да докажеме дека сме помудри за грешките од минатото, и не само тоа, туку дека целосно го имаме обновено нашиот круг и нашите вредности“, рече Мицкоски.

Претседателот на опозициската партија, во обраќањето оцени дека ВМРО-ДПМНЕ на овие избори оди со многу нови луѓе и двајца натпартиски носители на чело на листите, наспроти коалицијата на СДСМ која, според Мицкоски, нема промена во однос на носителите.

„СДСМ треба да се казни поради понудата на трговски листи кои се производ на трговија, поткупи и меѓусебни дилови. Тоа се листи за пораз и меѓусебно покривање. Мислат така имунитетот ќе ги штити ако станат пратеници, а треба да се свесни дека ако згрешиле спрема законот нема сила што ќе ги спаси. Измислицата и најновото комично крешендо на Заев беше она посипување со пепел пред промоцијата на листите кога кажа ќе имале тандеми носители. Тоа е апсурд, кога по закон има само еден носител, ама тука е очигледно дека сакаат срамот на носителот да се покрива со уште еден од тандемот“, рече Мицкоски.

За носителите од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски кажа дека се луѓе со кредибилитет, чест и образ.

„Гордана Силјановска и Игор Дурловски се признати во светот и во своите животи имаат се што би можеле да посакаат успешни професионалци се, но ја немаат слободата и ја имаат загриженоста дека вака повеќе не може. За нив не е проблем да живеат во било кој дел од светот ама пустото каменот тежи највеќе дома и се решија да се борат против неправдите, против неспособноста и против газењето на тие вредности. И кога го гледам нивниот мотив сфаќам колку погрешно се движат работите во земјата и колку мора побрзо да се променат. Дафина Стојановска и Владо Мисајловски се луѓе со кредибилитет, угледни во својата средина, луѓе работници, со чест и углед и знам дека најдобро ќе ја шират нашата мисла и визија. А, Игор Јанушев и Александар Николоски се луѓе кои знаат во каква битка влегуваат, одлучни и искрени и нивната победа ќе значи победа над неправдите, но отпочнување на битка за европеизација на нашата татковина Македонија“, рече Мицкоски.

Во однос на тоа што тој не е носител на листа, Мицкоски и во денешното обраќање го повтори ставот дека на листите треба да бидат предложени пратеници, имиња и презимиња со кредибилитет на кои местото им е во парламентот, а не луѓе кои, како што посочи, ќе продефилираат и ќе го бараат гласот од граѓаните и после ќе отидат во Влада.

„Јас со моето име стојам зад сите 120 кандидати за пратеници и не се кријам и овој предизвик го прифаќам и убеден сум во една голема, историски најголема победа. Затоа и Заев избега од идејата за кандидат за мандатар, човекот се плаши и бега. Знае дека и во најпесимистичките сценарија анализирани на Бихакќа ВМРО-ДПМНЕ убедливо победува. Ете тоа е вистината зошто Заев не одговара на тоа што ќе прави кога СДСМ ќе загуби на изборите. Зошто ќе гледа да се спасува како пратеник и ќе го окупира лидерското место во СДСМ. Но, тоа е негова работа и јас во тоа нема да се мешам. Мене ми е целта да ја поразиме неспособноста и да ја вратиме државата на вистинска патека“, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов

Мицкоски: Колку е поголем бројот на тие кои што гласаат толку промените ќе бидат посилни

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Да ја вратиме Македонија на граѓаните затоа што сега е ограбена, понижена, затоа излезете масовно и заокружете за Македонија повторно горда и Македонија повторно твоја

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Мицкоски: Власта спрема сценарија за изигрување на изборната волја на народот, најефикасен одговор за нивната завера е масовно гласање

Мицкоски: И Ковачевски и Ахмети на чело да тетовираат знаме на ЕУ и да се качат на врв на зградата на ЕУ, тие не стануваат тоа зошто до гуша се во криминал