(ВИДЕО) Мицкоски: Европа е далеку, колку што е далеку Заев од неговото воспитување

Од:

Денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски оствари посета и средба со граѓани во градот Ресен, каде што посочи дека ова се судбоносни историски моменти за нашата држава, за нашата нација, за сите граѓани на Република Македонија, бидејќи секоја генерација има своја битка.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски се осврна и на реалните проблеми со кои се соочува секојдневно граѓанинот на Република Македонија.

– ВМРО-ДПМНЕ како во минатото така и во иднината секогаш кога ветувала и секогаш кога предлагала решенија за реалните проблеми таа ги спроведувала. Од друга страна митинзите на СДСМ и Заев се одржуваат на полупразни плоштади, булевари, а откако тие увидоа дека граѓаните не ги поддржуваат нивните лаги одлучија да се служат со закани, притисоци, да полнат комбиња, автобуси, изјави Мицкоски.

Мицкоски рече дека со СДСМ раководат истите луѓе кои во времето на транзицијата ветуваа ќе го смениме Уставот, ќе го смениме знамето и готово ќе појде но државата одново се врти со тие луѓе во круг.

– Најпрвин беше влог времената референца, потоа беше влог Уставот, а потоа беше влог и знамето. И сега без срам во највалканата и најлажливата кампања на СДСМ во поновата историја на независна Македонија не убедуваат насмеани, весели дека ќе не однесат во Европа само да си ги спасат привилегиите и кариерите, а во суштина сакаат да го сменат името, да се откажеме од идентитетот, да тоа се тие истите лажливи остатоци на транзицијата кои на ниски страсти и лажливи ветувања го темелат своето политичко битисување, изјави Мицкоски.

– Европа е далеку, колку што е далеку Заев од неговото воспитување. А кога сме во Европа и кај влезницата за Европа, не е договорот влезница. Реформите и ветувањата кои што Зоран Заев и Владата на СДСМ не можат да ги испорачаат се влезницата за во Европа, изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека со Договор кој Заев го склучи со Грција, иако се споменува во преамбулата повелбата на ОН таа се прекршува бидејќи во својата суштина таа подразбира немешање во внатрешните работи на земјите, а со договорот целосно се задира во внатрешните работи на нашата земја и нејзиниот идентитет.

Мицкоски посочи дека не е вистина дека македонскиот јазик го сочувал Заев бидејќи тоа е веќе стекнато право уште во седумдесетите години, но овој пат се додава со договорот фуснота дека е со словенско потекло, а ниту еден друг јазик од таа група на јазици не се дообјаснува со фуснота.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Победата е на дофат, да излеземе масовно на избори, заедно да победиме за промени и да го испишеме следното поглавје од приказната за Македонија

Горан Наумовски

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот кој вие од власта го крадете

Горан Наумовски

Мицкоски: Народот се обединува околу промените, новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се за да одговараат криминалците

Горан Наумовски

Владеењето на правото и борбата против сивата економија и корупцијата, клучни проблеми за бизнисот

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Орце Костов

Меџити: Сакаме да бидеме фактор во влада која ќе биде европски ориентирана

Александар Тодески