(ВИДЕО) Мицкоски од протестот: Ќе ви дишеме во врат сè додека не се откажете од вашиот пеколен план

Од:

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ; Христијан Мицкоски, од вечерашниот протест во Скопје, кој партијата го организира против поскапувањето на струјата, најави „жестока офанзива против неправдите што му ги нанесува оваа власт на народот“.

Мицкоски рече дека партијата има три барања до власта: Владата да изнајде начин, наместо да собира профити, итно да ја врати старата цена на струјата, СДСМ да остане на предизборното ветување и да воведе „викенд без ДДВ“ во кој граѓаните ќе можат да купуваат производи по пониски цени, како и професионализација на Регулаторната комисија за енергетика со „непристрасни и чесни луѓе“ и смена на нејзиниот претседател, Марко Бислимовски.

„Ова е честит народ кој веќе не може да ги трпи неправдите и затоа излезе на улица“, рече Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го посочи претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Бислимовски како директно одговорен за покачувањето на цената на струјата и рече дека тој „ѝ слугува на мафијата на власт“.

Мицкоски најави поинтензивни и помасовни протести, се додека Владата „не престане да го осиромашува народот.“

„Мафијо, дојде крај. Овој ваш почеток ќе биде и вашиот крај. ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе ја спречи оваа неправда што му ја нанесувате на овој напатен народ. Со други зборови, ние ќе бидеме вашата ноќна мора се до крајот на вашиот пеколен план. Нашите пратеници ќе се борат како лавови и лавици во Собранието и нема да дозволат да успеат вашите планови за да си ги остварите интересите врз грбот на овој напатен народ. Најавувам дека ќе не има се повеќе и се помасовно, во секој град и на секоја улица, ќе ви дишеме во врат“.

Според Мицкоски, најголемата неправда што била направена од страна на „мафијата“, како што ја нарече власта на СДСМ и ДУИ, се наместените избори.

Би можело да ве интересира

Сите го забележаа истото: Зошто Трамп на сите фотографии со балканските лидери има иста поза и лик?

Левица: Бугарите влегуваат во Устав – Фон Дер Лајен го „деблокира процесот“, а Мицкоски кима со главата

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Мицкоски: Оваа Влада испорачува и го прави тоа што го зборува, стратешкото партнерство со САД е децениско, тие се нашиот најсилен сојузник