ВИДЕО: Протест на ВМРО-ДПМНЕ против поскапувањето на струјата

Од:

Под мотото „Скапа струја – сиромашен народ“, започна првиот во најавената серија тематски протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ, против покачувањето на електричната енергија.

Како што беше најавено, протестот започна пред Министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторна комисија за енергетика. Во првите редови се партискиот лидер Христијан Мицкоски, како и други функционери на партијата и пратеници во Собранието.

Протестот се одвива под силно полициско обезбедување, а насобраните, кои тргнаа со свирежи и со звуците на сирена, извикуваат „оставка“ и „мафија“ и во рацете држат црвени картони како порака до власта – да го послуша гласот на народот и итно да ја врати старата цена на електричната енергија или од него ќе добие црвен картон.

Присутните на протестот воглавно носат заштитни маски, но може да се забележи дека не одржуваат дистанца едни од други.

„Имаме скапа струја, а сиромашен народ. Тоа е првата причина за која ќе протестираме“, рече партискиот лидер Христијан Мицкоски во понеделникот, кога ги најави протестите.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина