(ВИДЕО) Мерима Кондов: Четворица дневно умираат поради огромното загадување

Од:

Четири лица дневно го губат својот живот на сметка на енормното загадување, а надлежните упорно не игнорираат, вели Мерима Кондов од иницијативата „Стоп за смрдеата во Аеродром и Лисиче“.

Таа вели дека и покрај тоа што четири недели бараат од надлежните да преземат мерки, тие се целосно игнорирани.

– Ние сме многу лути, лути сме што воопшто што се ќути за ова, мислиме дека се повеќе и повеќе ќе се зголемува бројот на луѓе кои што ќе не поддржат. Ги повикуваме надлежните да најдат мерки. Постојат толку многу краткорочни и долгорочни мерки, а тоа ако се сака може да се случи од денес па натаму веќе да имаме почист воздух во градот, да не се лажеме, вели Кондов.

Кондов додава дека граѓаните се лути затоа што за ова се ќути и очекуваат надлежните уште од денес да преземат мерки против загадувањето.

– Бројките кои што ги покажуваат мерните станици се повеќе од алармантни. Ги повикуваме надлежните да најдат мерки. Постојат толку многу краткорочни и долгорочни мерки, а тоа ако се сака може да се случи од денес па натаму веќе да имаме почист воздух во градот, да не се лажеме, вели Мерима Кондов.

Активистката од „Стоп за смрдеата во Аеродром и Лисиче“ рече дека наредната недела ќе има протест на ниво на целата држава поради односот на надлежните кон животот на граѓаните.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

Скопје под магла, загаденоста на воздухот расте

Научниците и натаму поделени околу способноста на коронавирусот да се пренесува преку воздух

Жарко Настоски

Истражување: загадениот воздух во просек го скратува животот на секој човек на планетата за две години

Жарко Настоски

СДСМ: Загадениот воздух и нечистата животна средина се единствено наследство од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје

Движењето за чист воздух утре со блокада пред „Дрисла“

Наум Локоски