Скопје под магла, загаденоста на воздухот расте

Од:

Покачено ниво на ПМ10 честичките или загаден воздух од утрово има низ Скопје. Според мерните станици и апликацијата „Мој воздух“, најголема е загаденоста во сите места помеѓу Ново Лисиче и Центар. Најмала пак, од Карпош до Ѓорче Петров.

Скопје утрово, фотографирано од Карпош

Негодување за состојбата со воздухот уште пред да дојде зимата има и на социјалните мрежи. Граѓаните посочуваат дека воздухот веќе почна да мириса на чад и дека надвор не се дише.

Според „Мој воздух“, мерните станици во Гази Баба, Кисела Вода (11 Октомври), Маџир Маало, Клинички центар, Центар 2, покажуваат дека воздухот е загаден. Индексот за квалитетот на воздухот покажува дека вредностите се движат од 35 до 50. Односно, лолку е повисока мерката, толку е позагаден воздухот според бар еден од сензорите на станицата.

Ниво на загаденост во Скопје според „Мој воздух“

Делумна загаденост, има според мерните станици во Аеродром, Ново Лисиче, Автокоманда, Црниче, Центар (близу булеварот Партизански Одреди и булеварот Мајка Тереза), Градскиот парк, Карпош 4.

Ново Лисиче утрово, каде се забележува загаденост на воздухот според мерните станици

Чист воздух се регистрира во Ѓорче Петров, Карпош 3, Карпош 1, Козле, Железара, Топанско поле, Бардовци, Сопиште.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош