Четири лица дневно го губат својот живот на сметка на енормното загадување, а надлежните упорно не игнорираат, вели Мерима Кондов од иницијативата „Стоп за смрдеата во Аеродром и Лисиче“.
Таа вели дека и покрај тоа што четири недели бараат од надлежните да преземат мерки, тие се целосно игнорирани.
– Ние сме многу лути, лути сме што воопшто што се ќути за ова, мислиме дека се повеќе и повеќе ќе се зголемува бројот на луѓе кои што ќе не поддржат. Ги повикуваме надлежните да најдат мерки. Постојат толку многу краткорочни и долгорочни мерки, а тоа ако се сака може да се случи од денес па натаму веќе да имаме почист воздух во градот, да не се лажеме, вели Кондов.
Кондов додава дека граѓаните се лути затоа што за ова се ќути и очекуваат надлежните уште од денес да преземат мерки против загадувањето.
– Бројките кои што ги покажуваат мерните станици се повеќе од алармантни. Ги повикуваме надлежните да најдат мерки. Постојат толку многу краткорочни и долгорочни мерки, а тоа ако се сака може да се случи од денес па натаму веќе да имаме почист воздух во градот, да не се лажеме, вели Мерима Кондов.
Активистката од „Стоп за смрдеата во Аеродром и Лисиче“ рече дека наредната недела ќе има протест на ниво на целата држава поради односот на надлежните кон животот на граѓаните.
Александар Тодески