ВИДЕО: „Марш за слобода” во Штип

Од:

„Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, а воедно и Сојузот за иднината, продолжуваат со активностите насочени против недемократските принципи на владејачката гарнитура.

Незадоволството од последните случувања на политичката сцена се шири низ сите поголеми градови во Македонија, а веќе во четврток, 17.01, токму во Штип, ќе се одржи и „Маршот за слободата‘‘.

„Маршот за слобода‘‘ е марш на Сојузот за иднината во кој јасно, гласно и принципиелно се бара враќање на демократијата, слободата на говорот, слободата на медиумите и почитувањето на Уставот и законите.

Збирното место е во 17:30 во населбата Автокоманда или поточно кај добро познатите печурки.

„Маршот за слободата‘‘ ќе стартува точно во 18 часот и притоа е предвидена следнава маршута:

Автокоманда – Базалт – Дулет – Промаја – Стопанска Банка

Маршот завршува во централното градско подрачје или поточно кај Стопанска Банка, каде свое обраќање ќе има и Претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Ги повикуваме сите граѓани на Општина Штип да ни се придружат на овој протестен марш и со тоа недвосмислено да покажат дека се против рушењето на Уставот, законите и демократијата во нашата држава“.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он