(ВИДЕО) Манчевски: Членови на АВМУ и АЕК сè уште се поранешни високи партиски функционери

Од:

Регулаторите во земјава мизерно потфрлија, рече на денешниот завршен настан од мониторингот врз АЕК и АВМУ, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Тој говореше дека членови на советот на Агенцијата и на комисијата на АЕК и на програмскиот совет на МРТВ, се поранешни партиски функционери и се во роднински врски.

„Имаме разни видови конфликт на интереси. Затоа влеговме во процес независни професионалци, експерти да бидат членови на овие тела. Ние политичарите и политичките партии да ги тргнеме рацете од независните регулаторни тела“, рече Манчевски.

„Процесот на избор на кандидати за кое било од регулаторните тела ќе биде јавен и транспарентен. Граѓаните ќе знаат пред да се изврши изборот кои се кандидатите, а не отпосле“, изјави Манчевски. Тој говореше дека во процедурата на избор ќе бидат вклучени сите со надзорна расправа во Сорбанието.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

Орце Костов

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

Орце Костов

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

Орце Костов