(ВИДЕО) Македонците во Калгари: Преговорите за името го презираат дигнитетот и достоинството на македонската нација

Од:

Македонците кои живеат во Калгари, Канада, одржаа протест на кој најостро го осудија изгласувањето на законот за јазиците. Во рамките на протестот тие исто така побараа од македонската влада да ги прекине преговорите за името со Грција.

„Ние, собраните Македонци кои живемее во Калгари, Канада, најостро го осудуваме изгласувањето на законот за јазиците знаејќи дека истиот ќе го продлабочи јазот и етничките тензии помеѓу албанската заедница и остатокот на македонското општество. Исто така, бараме од македонската влада итно да ги прекине преговорите за името со Република Грција под покровителство на Обединетите Нации, зошто истите ги кршат македонските човекови права за самоиднетификација и го презираат дигнитетот и достоинството на македонската нација каде и да сме. Затоа, бараме Македонската влада да изнајде алтернативни решенија кои ќе резултираат со влез во Обединетите Нации на Република Македонија под нашето уставно Име“, истакнаа организаторите на протестот во Калгари.

Организаторите исто така наведуват дека иако Македонците кои живеат во Калгари се малубројни, сепак се решителни и цврсто ќе го бранат својот став.

Би можело да ве интересира

Google го послуша Трамп: езерото Отарио го преименува во Америка

ВИДЕО: Воена состојба меѓу САД и Канада, царините на Трамп го налутија Карни

Катерина Ѓуровски

Трамп го одложи воведувањето на царина од 50 отсто за Канада

Иран има нова мета

Во Британска Колумбија е прогласена вонредна состојба, евакуирани се 22.000 луѓе

Даг Форд му одговара на Трамп: Апсолутно е неприфатливо, еден ден ние ќе ви требаме