(ВИДЕО) Лефков: Стево Пендаровски призна дека со СДС и ДУИ нема услови за живот во Македонија

Од:

Стево Пендаровски призна дека со СДС и ДУИ нема услови за живот во Македонија, да не е претседател и тој би се иселил. Стево Пендаровски призна дека ситуацијата во државата е толку лоша што и тој размислувал да се исели, и доколку не би бил претседател тоа и би го сторил. Да ја погледнеме изјавата на Пендаровски дадена пред нешто повеќе од 4 години, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

– Стево Пендаровски живее во Македонија само затоа што е претседател и ги има сите привилегии кои му ги дава функцијата. И додека тој е претседател, а СДС и ДУИ власт, се повеќе граѓани ја напуштија Македонија, затоа што тука живеат на работ на сиромаштија. Со оваа изјава Пендаровски потврди дека во Македонија со СДС и ДУИ нема услови за живот за граѓаните и оние кои не се на функции поставени од власта.

Оваа изјава на Пендаровски ја отсликува тажната реалност која ја живеат граѓаните секој ден, и кои секојдневно се борат со оваа власт која го накалеми на позицијата претседател. Сега истиот овој Пендаровски, кој што признава дека во Македонија со него, со СДС и ДУИ нема услови за живот, сака повторно да биде претседател, и да биде причина за иселувањето на нови десетици илјади наши сограѓани. Стево Пендаровски го гази достоинството на народот и на државата. Време е да му порачаме на Пендаровски, Македонците повеќе нема да се селат, време е тој да се исели од Водно – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница

Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лефков: Богац е уапсен поради сомнение дека местел тендери

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лефков: Тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката