(ВИДЕО) Лефков: По пожарот на модуларната болница во Тетово, Филипче не требаше никогаш повеќе да се појави во јавност

Од:

По пожарот на модуларната болница во Тетово, Филипче не требаше никогаш повеќе да се појави во јавност, а не да биде претседател на опозиција. Венко Филипче не се грижи за никого, само за својата кариера. Доколку Филипче имаше малку морална големина, тој никогаш повеќе немаше да се врати во политиката, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

– Филипче и Заев изглумеа по пожарот во модуларната болница во која изгореа 14 луѓе, глумат и сега. Филипче нема образ, кога немаше срам да остане министер по пожарот во модуларната болница, тој нема срам и одговорност за ништо. Венко Филипче е пример за политичар на кого зборот не му држи ниту еден час. Се што прави Филипче е за кариерен спас и да не одговара. Позицијата претседател на СДС ја презема за да може да се вади ма политички притисок, кога ќе биде повикан на одговорност за сите криминали. Народот памти, а институциите ќе почнат да работат. Одговорност мора да има – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница

Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лефков: Богац е уапсен поради сомнение дека местел тендери

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лефков: Тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката