(ВИДЕО) Лефков: Пендаровски нема кредибилитет да биде Претседател, дали се кандидира под присила зошто никој друг не сака да губи, и сам кажа дека нема да трча, за по еден саат да биде демантиран од сопствениот кабинет

Од:

Стево Пендаровски нема кредибилитет да биде претседател на републиката. Пендаровски не држи до сопствениот збор и менува ставови во рок од неколку часа. Во претстојниот период ќе ја потсетиме јавноста зошто Стево Пендаровски не треба да биде претседател. Прв и најмаркантен пример зошто Пендаровски нема капацитет за претседател е неговата неспособност да додржи на својот став, кажа Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

– На 6 декември Стево Пендаровски лично кажа дека не планира да се кандидира за втор мандат. Тоа е објавено од медиумите во 14:13, за само час и неколку минути подоцна во 15:19 тој да биде демантиран од неговиот кабинет дека бил погрешно разбран. Што кажа Пендаровски на 6ти декември? Имено тој прашан дали размислува да се кандидира за нов мандат, кусо и децидно одговори: НЕ. Како НЕ на Пендаровски стана да за неколку часа?

Дали личниот став на Пендаровски, кој исто како и останатите политички чинители во државата ги гледа анкетите, но и знае колкава штета имаат направено тој и СДС е да не се кандидира? И дали се кандидира под присила на Ковачевски, Маричиќ и Зечевиќ затоа што никој друг во СДС не сака да го носи поразот на грб, па ниту Оливер Спасовски, кој до последен момент мереше дали има математика за влегување во трка? Стево Пендаровски како претседател се покажа исклучително слаб, често демантиран од своите соработници, владата или од самиот себе по неколку часа или неколку дена. Со Стево Пендаровски, Македонија може да оди само назад, кон нови понижувања и порази. Стево Пендаровски го гази достоинството на народот и на државата – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Лефков: Пендаровски кажа дека договорот за Коридорите ќе го преговараат и граѓански здруженија, а на крај Груби одлучуваше за се

Лефков: Пендаровски велеше да не се користат државни ресурс за партиски цели, а сега тој ги злоупотребува за претседателската кампања

(ВИДЕО) Лефков: Пендаровски наместо претседател беше курир на Заев и Ковачевски

Лефков: Пендаровски призна дека тој и владата и дале на Бугарија можност да не блокира на патот кон ЕУ за историски прашања секогаш кога ќе сака

Лефков: Пендаровски е политичар без став, негов став е секогаш тоа што ќе му кажат СДС и ДУИ

(ВИДЕО) Лефков: Лично Ковачев го поздрави Пендаровски за неговиот став дека Делчев се изјаснувал како Бугарин, а Стево му се заблагодари