(ВИДЕО) Лефков: Каде се сокри Филипче или нема одговор како се стекнал со луксузната хациенда на Водно и џип Ауди Q8?

Од:

Каде се сокри Филипче или нема одговор како се стекнал со луксузната хациенда на Водно и џип Ауди Q8? Филипче да каже како семејниот имот му се зголемил за луксузна хациенда од 1 милион евра на Водно и како е платена, со кои пари и како се заработени? Филипче да каже како го купил џипот кој го вози или е на друго име и зошто тој некој му го дал да го вози, рече Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.

– Со што Филипче задолжил некого толку многу за истиот да му даде на користење луксузен џип Ауди Q8? Филипче да каже како неговиот семеен имот се зголемил во милионски износ во време додека тој е на функција или непосредно после тоа. Дали милионските тендери во здравството играле улога во зголемувањето на имотот на Филипче? ДКСК да го истражи имотот на Филипче. Одговорност мора да има – рече Лефков.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница

Лефков: Слугата на Бугарија, Филипче отиде предалеку, не може да ја осуди официјална Софија и кога крши дипломатски правила

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лефков: Богац е уапсен поради сомнение дека местел тендери

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лефков: Тандемот Коларевиќ и Абази се коалиција во обвинителството, како што се СДС и ДУИ во политиката