Братот на Венко Филипче, заедно со Вице Заев ќе произведуваат струја од фотоволтаици, пред заминување од власт направиле централа од 1.5 мегавати во Дојран. На крајот на минатата 2023 година, Вице Заев и Никола Филипче, братот на Венко, формираат заедничка фирма под името „Фос имерас“. Сопственици на „Фос имерас“ се две компании. „Тотал инженеринг“ од Струмица во сопственост на Вице Заев и „Плус нетворк“ од Скопје чиј сопственик е Никола Филипче. Никола Филипче брат на Венко Филипче ја купува земјата во Дојран на која сега е изградена фотоволтаичната централа од 23000 м2 во 2021 година, кога министер за здравство е неговиот брат, изјави Миле Лефков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник.
– Додека Венко Филипче е министер за здравство во владата на Зоран Заев, неговиот брат преку министерството за транспорт добива дозвола за пренамена на земјиштето со цел изградба на фотоволтаична централа. За неполн месец градоначалникот на Дојран од редовите СДС го менува ДУП-от и овозможува Филипче да ја гради централата.
За ова Венко Филипче е претседател на СДС, да ги штити бизнисите на семејствата Заеви и Филипче. Филипче е претседател на СДС за да може уште некој градоначалник од оваа партија да направи добра основа за бизнис зделка нему блиски луѓе, како неговиот брат и на Вице Заев. Филипче е прочитан. Одговори и одговорност мора да има – рече Лефков.