Интернет порталот “Сигнал” објави лажна вест дека на таблата на Полициската станица во Шуто Оризари нема натпис на македонски јазик.
Лажна вест: Во полициската станица во Шутка нема табла со македонски јазик
Полициската станица во Шуто Оризари нема натпис на македонски јазик. Оваа информација на еден интернет портал А1он ја провери и утврди дека станува збор за лажна вест.
Posted by A1on.mk on Четврток, 20 февруари 2020
Порталот објави фотографија од таблата на која се читаат натписи на ромски, албански и англиски јазик. Написот на македонски јазик е намерно сокриен на фотографијата за да се создаде впечаток дека го нема.
А1он ја провери оваа информација и утврди дека станува збор за лажна вест.
Пред полициската станица во Шуто Оризари има табла со натписи на четири јазици: македонски, ромски, албански и англиски јазик.