(ВИДЕО) Лазаревик: Груевски си пресуди со приказната за странски служби

Од:

„Седите на седница на Влада и Никола Груевски прашува некој минстер за тековен проект, до кога треба да се реализира. Министерот одговара за 6 месеци, а он вика дека за еден месец мора да зврши. Министерот му вели „не може претседателе, не можеме да изградиме зграда за еден месец“. Министерот сепак го гледа премиерот како победник кој извојувал победа на последните избори и ги прифаќа неговите барања.

Потоа ја присилува администрацијата тој проект да го заврши за еден месец. Сите во министерството се свесни дека тоа не може да се постигне, но правиме притисок се да заврши за еден месец. Тоа ги елиминира оние со барем малку разум, се елиминираат постепено од министерствата и доаѓаат млади амбициозни вмровци кои го реализираат тоа што ќе им го каже претседателот“, вака поранешниот заменик министер за здравство, Владимир Лазаревик ги опишува начините на функционирање во Владата предводена од Никола Груевски во првите две години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ кои, вели, биле понормални.

На денешната дебата во Гем клуб, на тема „Дали кризата е политичка, или државата е во криза?“, во организација на невладината „Профицио“, Лазаревик побара премиерот да си поднесе оставка како одговорен за коруптивните афери во врвот на власта и за уништувањето на администрацијата со овие механизми каде послушноста е поважна од квалитетот. Како што вели тој, за излез од политичката криза Груевски прво треба да поднесе оставка, а потоа партијата која ја предводи да биде трансформирана.
Според Лазаревик, Груевски си пресуди со приказната за странски служби и сега се движи кон сопствениот финиш. Стратегијата на т.н. „Амстердамска тројка“, вели тој, е во тоа да се сосече моќта на Груевски од таму од каде што извира, а тоа е, вели, партијата. Со разговорите кои ги објавува опозицијата, според него, се разголува позадината на Груевски и на неговите најблиски соработници, а демаскиран е и митот за гласачкото тело на ВМРО-ДПМНЕ.

– Преку разговорите откривме дека можеби не гласале стотици илјади луѓе за Груевски. Таа виртуелна моќ која што Груевски ја има манифестирано преку број на гласови, преку методологија која му е најдобро позната на Сашо Мијалков, не претставува вистинско светло за тоа што го чувствуваат граѓаните во Македонија, ниту, пак, тоа што ги чувствуваат оние кои гласале за таа партија. Многу од луѓето кои се во партијата не се согласуваат со Никола Груевски по ниеден основ, но се плашат. Искусвото говори дека јавно несогласување со Никола Груевски, или недај боже со Сашо Мијалков, те става во позиција да бидеш жртва, па макар и за банална работа – вели Лазаревик.

„Амстердамската тројка“, вели тој, деновиве работи внатре во партијата за да им понуди алтернатива на нејзините членови. Се разговара, вели тој, со членови, со пратеници, министри и претседатели на општински комитети на кои не им е сеедно за тоа што се случува.
– Личната одговорност за оваа ситуација е само на еден човек, Никола Груевски. Наместо да се повлече и да не спаси, тој ги носи сите во една провалија, залетан е со шпринт кон буништето на историја кое неминовно ќе му се случи. Не е ни маратонец веќе, туку шпринтер. Но нема да го дозволиме тоа и ќе им подадеме рака на сите кои ќе се одважат и ќе се оградат – порачува тој.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Прва дебата меѓу Трамп и Бајден: Забранети ќе бидат напишани белешки, на масата ќе има само хартија, пенкало и вода

A1on

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Јакимовски е против уставни измени со цел внесување на Бугарите во Уставот

„Дами проверете се“ – Јавна дебата на ФОН за подигање на свеста за ракот на дојка

А1он

Анализа на Собрание: Половина пратеници говорат без аргументи, нема почит кон личноста на колеги од друга партија

A1on

Одговорноста за врсничкото насилство е во целото општество и проблемот треба да се решава системски