(ВИДЕО) Латас: Не сум виновен

Од:

По многу одложувања на рочиштата, денеска почна главната расправа за предметот „Тревник“, во кој се обвинети Драган Павловиќ Латас и двајцата браќа за бесправно градење викендички во Зелениково.

Латас рече дека го разбира обвинението, но додаде дека не се чувствува виновен.Истото го рекоа и двајцата негови браќа Звездан и Срѓан. Обвинителката од СЈО, Елизабета Јосифовска, рече дека од материјалните докази, исказите на сведоците и бомбите, ќе докажат дека обвинетите граделе бесправно.

„Обвинетите во 2011 година почнале градба на објект за домување без да добијат правосилно одобрение за градба”, рече Јосифовска.

Според СЈО, Латас и неговите браќа кога поднеле барање за одобрение за градба, го прикриле фактот дека градбата веќе е почната и е во напредна фаза. Обвинителката рече дека Латас изградил викендичка со вкупна квадратура од 317 квадратни метри, а неговите двајца браќа, со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри.

Адвокатите на Латас рекоа дека ќе докажат дека нема кривично дело. „Ќе го убедиме овој суд дека доказите на СЈО се спротивни на законот. Обвинетите не нарушиле ниеден закон“, рече адвокатката Савиќ.

Во Кривичниот суд во Скопје почна главната расправа за предметот „Тревник“, што се однесува на бесправна градба на куќи во Зелениково, а во кој осомничен е новинарот Драган Павловиќ Латас. Рочиштето претходно неколку пати беше одложувано поради отсуства на Латас. Новинарот и уште двајца други се товарат дека изградиле викенд куќи во Зелениково без одобрение на градба.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов